Македонија
11. October 2025 - 14:24

Битолчанец продавал марихуана на затвореници од КПУ Затвор Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.П.(36) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Пријавениот, во повеќе наврати во 2025 година, неовластено набавувал марихуана од лица од Битола и ја продавал на лица кои издржуваат казна затвор во Казнено - поправната установа Затвор Битола.