-->
-->
Битолчанец нападнал тинејџер, еве што откри полицијата во неговиот дом
-->

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П. (29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“. На 16.овој месец околу 21.00 часот во Битола пријавениот пресретнал седумнаесетгодишник од Битола и му побарал пари.
Откако оштетениот не му дал пари започнала вербална расправија во која физички го нападнал оштетениот, а потоа со остар предмет му нанел две убодни рани во пределот на
градниот кош.
Вчера полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што биле пронајдени и одземени четири џебни ножеви, две лулиња и дробилка со остатоци од непозната растителна материја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО