Битола бара велосипедски патеки
Во Битола конечно да се почне со инвестирање во алтернативна инфраструктура, а не парите од општинскиот буџет да одат за поттикнување на моторизираниот сообраќај, што донесе повеќе од 30.000 возила во градот, бараат од граѓанската иницијатива Битола на точак. Според нив, Битола многу доцни со вело инфраструктурата.
-Она што очекуваме е намалување на потребата за автомобили, а не зголемување на местата за паркинг проистор. Битола е град со пречник од 4 км, а докажано е дека за под 5 км пешачењето и велосипедскиот превоз е најбрз. Додека Европа инвестира последните две години интензивно во пешачката и вело инфраструктурата, Битола не го искористи периодот за зајакнување на одржливоста како град. Сметаме дека доцниме многу години со инвестирање во велоинфраструктра, изјави Виктор Илиев, „Битола на точак“.
Велат дека 8 години постои иницијативата, но има 0 километри велосипедска инфраструктура. Сакаат да ја поттикнат локалната самоуправа да почне да се работи на терен, да не остане се на сообраќајни студии и проекти.
-Денес има волја, no бараме и начин да се спроведе и буџет кој ќе го следи тоа, вели Илиев.
На критичната маса како поддршка учество зедоа и градоначалникот, претставници од локалната самоуправа и советници. Битолскиот Совет донесе одлука за формирање работна група за изработка на велосипедска инфраструктура.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
