Биткоинот надмина 100.000 долари за прв пат во историјата
Цената на биткоинот ја надмина границата од 100.000 долари за прв пат, достигнувајќи ново рекордно високо ниво. Вредноста на најпознатата криптовалута во светот порасна поради растечките надежи дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе усвои низа политики кои ги поддржуваат криптовалутите.
Највисокото ниво на биткоинот беше достигнато неколку часа откако Трамп рече дека ќе го номинира Пол Аткинс, исто така застапник за криптовалути, да ја води Комисијата за хартии од вредност.
Се смета дека Аткинс е многу повеќе наклонет кон криптовалути од сегашниот шеф на Комисијата, Гери Генслер. Преминувањето на границата од 100.000 предизвика славење кај ентузијастите на криптовалутите ширум светот.
Границата од 100.000 долари со нетрпение се чекаше. Социјалните медиуми со недели се преполни со графикони, мемиња и предвидувања за тоа кога цената ќе го достигне бројот што се смета за „свет грал“ на крипто светот.
Ново на Сител
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-
Мора да наоѓаме решенија за развој - Сиљановска Давкова за договорот за стратегиско партнерство со Обединетото Кралство
-
Таравари се сретна со Рама, тема на средбата прашања од значење за Албанците во регионот
-
Бобан Илиовски во одбрана на титулата светски првак во WАКО про
-
Акциска контрола во Тетово, пронајдени 453 штеки цигари и 199 килограми тутун без документација | ФОТО
-
Армискиот полигон Криволак од 26 мај до 9 јуни домаќин на војските на седум НАТО држави и две партнерски
-
Ким Џонг-ун набрзо ќе допатува во официјална посета на Москва
-
Писториус: Трамп погрешно го проценил своето влијание врз Путин