Битиќи му одговори на Мицкоски: Нема потреба од разговор во 4 очи, дојдете на Економски совет во среда
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи му одговори на Фејсбук на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрсистијан Мицкоски.
„Нема потреба од разговор во 4 очи, зад затворени врати. Комплексноста на оваа криза од нас бара да се кренеме над себе, бидејќи солидарност, одговорност и колективна мудрост е она што ќе не изнесе низ неа. Во среда е закажан Економски совет во широк формат, кој се обидовме да биде продуктивен и конструктивен за време на корона кризата. За жал опозицијата таа шанса за покажување на дело грижа и совесност не ги покажа, напротив не се одважи да дојде па започна со блокада, па активна блокада на Собранието. Граѓаните знаат дека јавно веќе скоро три години ги повикувам на соработка и одговорност, со цел справување со кризата. Еве, повторно, вратите се отворени, решенијата секогаш се наоѓаат на маса на која сите седиме заедно“, пишува Битиќи на фејсбук.
Ново на Сител
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
-
Центри за ментално здравје