„Бистри“ и „Матни“ случаи за јуни 2023 година според Транспаренси Интернешнл-Македонија

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна и годишните анкети за корупција во рамки на проектот „Бистро-Матно“. За јуни 2023 година, според она што го објавија од Транспаренси Интернешнл-Македонија, поголемиот број се „бистри”, од „матни” случаи.
Случаите „Скопје 2014“, истрага позната како „Феникс“, двајцата судии кои поднесоа оставка од Судскиот Совет, објавените извештаи од ДЗР од ревизија на сметките на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ И Алтернатива за 2021 година, номинацијата на членови во Комисијата за спроведување на избори за членови на Судскиот Совет, како и настани поврзани со активностите на Министерството за внатрешни работи кое информираше за реализирани случаи и поднесени кривични пријави за кривични дела од областа на корупцијата, се „бистрите“ настани регистрирани од Транспаренси Интернешнл-Македонија .
Од „матните“ случаи, во денешното соопштение од Транспаренси Интернешнл – Македонија, наведени се случаите: Рамиз Мерко на црна листа на САД, партиите низ лупата на ДЗР, амбасадорките стрели во судската мета.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
-

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се жртвуваат за земјата
-

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
