Бислимовски: Сметките за парно доцнат поради тендер
Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, во емисијата „Студио 10“ рече дека октомвриските сметки за парно греење од страна на ЕСМ Снабдување со топлина се уште не се доставени до граѓаните поради тендерска постапка.
„Откако ЕСМ Продажба го презема управувањето, има распишпано тендер за компанија за билинг-системот и тендерот завршил со жалба од една компанија. Поради тоа и сметките не се доставувани, а во фаза на изработка е продолжувањето на електронското плаќање“, рече Бислимовски и додаде дека нема да има пресметка на затезна камата поради тоа.
Првиот човек на РКЕ сепак вели дека првите фактури за октомври се доставуваат кај корисниците, додека за ноемвриските сметки, како што вели тој, нема да има никаков проблем со нивното навремено пристигнување на адресата на потрошувачите.
„Истата компанија која што го правеше билинг-системот за БЕГ е избрана, но друга компанија поднесе жалба во меѓувреме. Но, веќе делк од сметките е започнато да се доставуваат“, додаде тој.
Бислимовски најави дека евентуалното поскапување на парно греењето од 1 јануари зависи од берзанските цени на природниот гас.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата