Бислимовски: Работиме на продолжување на евтината тарифа на струјата за уште еден час
Домаќинствата летово може да добијат поевтина струја и плус уште еден час евтина тарифа, најавува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси (РКЕ), Марко Бислимовски, посочувајќи дека причина за тоа е континуираниот инвестициски бум во фотоволтаични централи, кој влијае врз значително намалување на увозот на струја.
Тој вели дека сега треба да се направи анализа за да се покаже дали постои можност бесплатната тарифа на струјата да се продолжи за еден час, односно до 16 часот.
- Зголемувањето на евтината тарифа го правиме за да се искористи евтината цена на електричната енергија во тие периоди. Исто тако, со тој сигнал што го испраќаме до ЕСМ и до ЕВН Хоум, да купуваат електрична енергија во тие периоди, особено ЕВН Хоум, ние ќе обезбедиме и пониска цена на електрична енергија која сосема е возможно да ни обезбеди и намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата“, вели Бислимовски во интервју за „Радио Слободна Европа“.
Моментално евтината тарифа на струјата е од 13 до 15 часот. Регулаторната комисија треба да ја одобри новата цена на струјата на крајот на јуни и тогаш ќе се знае дали и колку ќе се намали цената на струјата.
Ново на Сител
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите
-
Тема на денот со Урлих Цајтел, професор и советник во ЦДУ
-
Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан
-
Интерна комисија ќе истражува – колку операции на срце имало во државни и приватни болници од 2022 -2025 година
-
Експерти: Родители да не очекуваат по секоја цена нивното дете да биде професионален спортист
-
ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
-
СДСМ: Ѓорѓиевски молчи за чаирските дивоградби
-
Барање за нов мандат