Бислимоски: Рестрикции нема, но неопходно е рационално трошење на електричната енергија
Рестрикции нема, снабдувањето со електрична енергија е стабилно и состојбата во енергетскиот сектор е под контрола, е главниот заклучок од координативниот состанок на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕМО.
– Се уште трае енергетската криза. Факт е дека рестрикции нема, а снабдувањето со електрична енергија во изминатиот период е стабилно, но сепак неопходно е нејзино рационално трошење. Во овие кризни месеци преку заеднички редовни координации ги преземавме сите неопходни мерки, меѓу кои се реализираше и инцијативата на РКЕ за проширување на листата на ранливи категории кои добиваат директна финансиска поддршка, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски по координативниот состанок.
Тој потсети дека на ранливите потрошувачи на енергија во сметките им е пресметан паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси.
– На состанокот разговаравме и за идни системски мерки кои би се презеле со цел стабилизирање на енергетскиот сектор. Започнавме и разговори во насока на промена на тарифниот систем, што ќе се базира врз претходно изготвени детални анализи. Целта е да има фер цена на електричната енергија која ги одразува реалните трошоци за секој вид на потрошувач и која ќе спречи злоупотреба на пазарот на електрична енергија, посочи Бислимоски.
Како што нагласи, забележано е дека дел од големите потрошувачите кои имаат обврска да набавуваат електрична енергија на слободниот пазар, регистрираат нови фирми кои ги исполнуваат условите за учество на регулираниот пазар, па преку склучување на договори за закуп во нивно име добиваат електрична енергија по регулирани цени кои се пониски од пазарните.
– Дел од анализите укажуваат дека 1 отсто од домаќинствата трошат 20 отсто од расположливата електрична енергија која ЕСМ ја произведува по цена која е неколку пати пониска од берзанската цена. Ова упатува дека овие домаќинствата загреваат поголеми површини од останатите, по цена која е субвенционирана од државата, прецизира Бислимоски.
Дополнително, додаде, се разгледуваа механизми како да им се помогне на потрошувачите кои ја набавуваат електричната енергија на слободниот пазар.
– Една од мерките што беше преземена од РКЕ е ослободување на домаќинствата од обврската да ја плаќаат електричната енергија од повластените производители, чија цена е двојно повисока од онаа на ЕСМ. Овие ослободени количини на електрична енергија од повластените производители по цена која е пониска од берзанската, се ставени на располагање на снабдувачите кои ја испорачуваат кон стопанството, општините, јавните претпријатија и сите потрошувачи кои набавуваат електрична енергија на слободниот пазар, рече Бислимоски и нагласи дека со имплементација на оваа мерка се заштедија околу 35 милиони евра на сите учесници на слободниот пазар.
Ново на Сител
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду