Бислимоски: Не се плашам, ќе продолжам со работата како и до сега
Директорот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител ТВ коментирајќи го инцидентот кој се случи пред два дена, рече дека е изненаден од самиот настан.
- Искрено и за мене беше големо изненадување. Претходно, не сум чувствувал притисоци и закани. Вообичаено кога ги носиме одлуките, дел од одлуките завршуваат на суд и ние таму ги решаваме работите. Ова е пристап онака како што некој решил да го прави и тоа е тоа, вели Бислимоски.
Тој додава и дека не се плаши воопшто и дека ќе продолжи со работата како и до сега.
- Сакам да истакнам дека не се плашам, дека ќе продолжам да работам како и до сега и она што ми е многу важно сакам да им се заблагодарам не само на пријателите што ми се јавуваат туку на обични луѓе коишто ме сретнаа овие два дена и ми дадоа поддршка да продолжам да работам како и до сега. И тоа е единствениот пат, кажа Бислимоски.
Бислимоски вели дека немал никакви претходни закани од компанијата „У Повер“.
- Никакви претходни закани не сум имал од таа компанија. Таа компанија коректно си работеше на пазарот. Во одреден период го зголемуваше своето портфолио на потрошувачи и тоа е тоа. Значи, такви закани до сега не сум имал, додава Бислимоски.
Вели дека до сега заканикон него најчесто биле упатувани преку Фејсбук, но не им обрнувал внимание.
- Закани имаше по носењето на одлуката за намалување на цената на парното, добив закана „куршум за тебе“. Пријавена е таа, по фејсбук беше тоа и од прилика тоа било тоа. Немало некои закани, а и не сум ни обрнувал внимание и понатаму уште помалку ќе им обрнувам внимание, рече Бислимоски.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни