Бислими: Косово ќе аплицира за статусот кандидат за членство во ЕУ кон средината на декември
Косовскиот вицепремиер задолжен за европски интеграции, Бесник Бислими најави дека Косово ќе аплицира за добивање на статусот на земја кандидат за членство во Европската унија кон средината на декемви годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната седница на собраниската Комисија за европски интеграции, Бислими рече дека апликацијата ќе биде поднесена во координација со Чешка, која до крајот на годинава претседава со ЕУ.
– Уште на крајот на минатата година одлучивме годинава да аплицираме за статусот на кандидат. Подготвивме документ за политичката позиција и го поделивме на другите држави. Во разговори сме со Владата на Чешка за да го одредиме точниот датум, но очекуваме тоа да биде кон средината на месец декември. Знаеме дека има земји кои се рерзервирани, но тоа не ја обезвреднува апликацијата и од неа не очекуваме никакви негативни ефекти, изјави Бислими.
Тој исто така изрази уверување дека косовските граѓани ќе можат да патуваат без визи во земјите на Шенген-зоната од декември 2023 година и нагласи дека либерализацијата воопшто не е поврзана со дијалогот на Косово со Србија.
Ново на Сител
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите
-
Преглед на вестите од светот
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право