Биографија на Антонио Гутереш - новиот прв човек на Светската организација

Португалецот Антонио Гутереш, кој денеска беше избран за нов генерален секретар на ОН, е политичар кој и порано заземал високи позиции во домашната и меѓународната политика.
Бил висок комесар на ОН за бегалци од јуни 2005 до декември 2015 година, предводејќи ја најпознатата хуманитарна организација со околу 10.000 вработени во 125 земји.
Во текот на својот мандат тој ја надгледувал суштинската структурна реформа на УНХЦР, намалувајќи го персоналот во седиштето во Женева за повеќе од 20 отсто и кревајќи ја ефикасноста на Агенцијата и капацитетот за брзо реагирање.
Во негово време активностите во УНХЦР тројно се зголемиле, пред се, заради воведување на поинаков пристап во планирањето на буџетот, но и заради зголемувањето на бројот на раселени ширум светот заради судирите (од 38 милиони во 2005 година на 60 милиони во 2015 година).
Неговиот мандат го одбележаа некои од најголемите светски кризи, особено судирите во Сирија и Ирак, како и Јужен Судан, Централноафриканската Република и Јемен.
Пред да му се приклучи на УНХЦР, Гутереш повеќе од 20 години мина работејќи за португалската Влада и во државната служба.
Премиер на Португалија беше од 1995 до 2002 година, кога беше активно вклучен во меѓународните напори за решавање на кризата во Источен Тимор.
На почетокот на 2000-тите беше претседател на Европскиот совет, кога беше усвоена Лисабонската агенда, а претседавал и со првиот самит меѓу ЕУ и Африка.
За пратеник во португалскиот Парламент бил избран во 1976 година и тука минал 17 години, претседавајќи со бројни Одбори, но и со пратеничкиот клуб на својата партија.
Во периодот од 1981 до 1983 година бил и член на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со години бил активен во Социјалистичката интернационала, која ги собира социјалдемократските политички партии.
Меѓу другото тој е основач на португалскиот Бегалски совет, а е член и на Мадридскиот клуб, асоцијација на поранешни демократски претседатели и премиери од целиот свет.
Гутереш е роден во Лисабон во 1949 година и е инженер по професија.
Флуентно зборува англиски, француски и шпански јазик. Оженет е и има две деца.
На новата функција ќе стапи во јануари 2017 година.
Договорот за изборот на Гутереш е постигнат на неформалното гласање во Советот за безбедност на ОН, зад затворени врати, а одлуката ја соопшти постојаниот руски претставник во ОН Виталиј Чуркин.
Гутереш доби поддршка од 13 членки на Советот за безбедност, а две држави биле воздржани.
На денешното гласање Гутереш не доби ниту еден негативен глас од постојаните членки со право на вето.
Чуркин изјави дека одлуката на Советот за безбедност ќе биде официјално потврдена утре, по што за Гутереш треба да се изјасни и Генералното собрание на ОН.
Гутереш веста ја објави на својот Твитер профил. Тој напиша дека во СБ на ОН е постигнат договор тој да биде избран за нов генерален секретар.
„Среќен сум и задоволен“, напиша Гутереш.
Ново на Сител
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
-

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот
