Били Холидеј се враќа на сцената во форма на холограм
Легендарната џез пејачка Били Холидеј оваа есен се враќа на концертната сцена на Њујорк, но овој пат во форма на холограм, објавија американските медиуми.
Својот прв настап на сцената на познатиот театар „Аполо“ во њујоршкиот Харлем, Холидеј го имала на 19-годишна восраст, со што започна нејзината блескава музичка кариера. Сега, 56 години по нејзината смрт, според многмина најголемата џез пејачка на сите времиња, повторно ќе застане на истата сцена, но овој пат во форма на нејзин холограм.
- Првпат и тоа само во Њујорк и во „Аполо“, магијата на холограмската технологија ќе ни овозможи концерт од соништата, бидејќи Лејди Деј повторно ќе излезе на сцената, се наведува во промотивниот матријал за настанот.
Били Холидеј, која доколку беше жива во април годинава ќе наполнеше сто години, често настапувала во театоарот „Аполо“. Тоа било една од првите сали во САД кои дозволувале присуство на расно мешана публика.
Овогодишниот концерт, кој ќе биде реализиран во соработка со компанијата „Ју-Ес Холограм“, се организира со поддршка на наследниците на Били Холидеј.
Тетатарот „Аполо“ соопшти дека ова ќе биде само почеток, по кој ќе следат холограмски концерти и на други починат музички ѕвезди.
Ова нема да биде прва употреба на холограмската техонологија за „оживување“ на музичар. Така, на фестивалот „Коачела“ во Калифорнија „воскресна“ раперот Тупак Шакур, а во едно шоу во Лос Легас „оживеа“ пијанистот Либерас.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време