Билатерални средби на Пендаровски со премиерите на Косово и на Ерменија
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Минхен, на маргините на 56. Минхенска безбедносна конференција, оствари билатерални средби со премиерот на Република Косово, Албин Курти и со премиерот на Република Ерменија, Никол Пашиниан.
На средбата со Курти, како што информира неговиот кабинет, претседателот Пендаровски упати честитки за успешно реализираните парламентарни избори и за изборот на новата Влада во Косово, што ја предводи тој. Притоа истакнал дека нашата земја очекува со новата Влада на Република Косово да се зацврсти билатералната соработка во сите области од заеднички интерес подвлекувајќи дека на тој начин ќе се продлабочат добрососедските односи кои придонесуваат за напредокот, стабилноста и безбедноста на регионот.
Претседателот Пендаровски нагласи дека Косово е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија при што трговската размена се одвива слободно без царини и придонесува за развој на економиите на двете соседни држави. За продолжување на овој позитивен тренд, претседателот Пендаровски изрази интерес за одржување на четврта седница на Мешовитиот комитет за економска соработка во периодот што следи. На средбата се разговараше и за идни заеднички иницијативи како дел од регионалната соработка.
На средбата со премиерот на Република Ерменија, Никол Пашиниан беше изразено задоволство од неодамна воспоставените дипломатски односи што претставува ново поглавје во билатералните односи и отвора нови можности за понатамошно интензивирање на политичкиот дијалог.
Претседателот Пендаровски ја истакна потребата од воспоставување на договорна рамка со која двете земји ќе може да ја унапредат и продлабочат билатералната соработка во областа на економијата, трговијата, културата, образованието, здравството и други значајни области од заемен интерес.
Ерменската заедница во Македонија што е организирана преку Друштвото за македонско-ерменско пријателство, оцени претседателот Пендаровски, придонесува за збогатување на мултикултурното општество и претставува елемeнт на поврзување меѓу двете држави.
Ново на Сител
-
Аеродромот во Минхен отворен откако втора ноќ по ред беше прекинат ависообраќајот поради забележани дронови
-
Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-
Нови руски напади со дронови врз Украина
-
Герасимовски за Сител: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно
-
Се интензивираат активностите на учесниците на Локалните избори 2025
-
21. „Бела ноќ“ во Скопје
-
Израелската Влада нареди запирање на офанзивните операции во Појасот Газа
-
Сообраќајот тековно, по влажни коловози