Бил само пензиониран пилот: А потоа полицијата наиде на страотна глетка и ја откри неговата тајна
Кон средината на јуни, американската полиција во една шупа во Калдвел во Охајо пронајде три женски трупови во распаѓање прекриени со пластична фолија.
Дознале дека имотот му припаѓа на пензионираниот пилот Џералд Булинџер од Јута (60) кој го купил со жена му Шерил Бејкер (57) во мај годинава.
Полицијата верува дека телата им припаѓаат на сопругата, неговата девојка Надја Медли (47) и нејзината 14-годишна ќерка.
По Булинџер наголемо се трага, а последен пат е виден на 12 јуни.
Пријателите на Надја Медли велат дека немале поим дека Џералд е веќе оженет, а таа им истакнала дека тие двајцата биле заедно две години и дека планирале брак.
Надја била возбудена што со својата ќерка ќе му се придружи на Џералд во Калдвел и така ќе започне нов живот, со оглед дека пред тоа сите живееле во Јута. Некаде во истото време и Шерил на својот Фејбук напишала дека се сели со мажот во Калдвел.
Полицијата се уште не го објави официјачниот извештај од обдукцијата, но се смта дека жртвите одговараат на наведените жени и девојче.
Се уште не е познато што довело до тројното убиство, но полицијата се надева дека наскоро ќе го најде убиецот и ќе го расветли злосторството.
Ново на Сител
-
Приведен 22-годишник, со „бмв“ возел 96 километри на час во место каде е дозволено 40
-
Царината спречи обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на ГП Богородица
-
Одложено денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Бездомник од Калифорнија освои милион долари на лотарија
-
ОЈО Прилеп: Прибраната документација за прилепската болница ќе се анализира
-
Приведен 38-годишник од Битола, при претрес во неговиот дом пронајдена е дрога
-
Пред натпреварот меѓу Астон Вила и ПСЖ по грешка интонирана химната на Лига Европа
-
Мурињо откри кој бил најемотивниот момент во неговата кариера