Бил Клинтон: Џереми Корбин е човек од улица

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон го нарекол лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин „човек од улица“ и „лудак“, во еден говор во кој го објаснува оживувањето на левичарската политика во Европа и во САД.
Во материјалите објавени од Викиликс, на кои се повикуваат лондонските медиуми, се тврди дека Клинтон се шегувал на сметка на Корбин, кога тој стана лидер на Лабуристичката партија.
- Британските лабуристи му ја дадоа партијата на човек од улица, коментирал Клинтон за време на едно негово предавање пред донатори на американската Демократска партија.
Клинтон ги споредувал Корбин и грчкиот премиер Алексис Ципрас, како и американскиот сенатор Берни Сандерс и неговите „левичарски идеи“ во текот на овогодината изборна кампања во САД.
Во еден дел од излагањето Клинтон рекол дека лабуристите во Велика Британија, по поразот на изборите во мај 2015 година, се откажале од еден „потенцијално успешен лидер“ каков што беше Дејвид Милибанд, лути на него затоа што беше дел од владиниот тим на Тони Блер и поради војната во Ирак.
- Кога луѓето се чувствуваат изиграни и не очекуваат ништо да се случи, го избраа најлудиот човек што го имаа крај себе за да ги претставува, рекол Клинтон.
Според поранешниот американски претседател, тоа е психолошки разбирливо и предвидливо, доколку се знае дека и во САД, некои луѓе веќе 15 години ги немаат зголемено своите семејни приходи.
Британските весници пишуваат дека Лабуристичката партија одбила да ги коментира изјавите на Клинтон.
Медиумите тврдат дека материјалите што ги објавува Викиликс потекнуваат од руски хакери кои упаднаа во мејловите на американаката Демократска партија и посебно во приватните електронски писма на Џон Подеста, шеф на изборната кампања на Хилари Клинтон.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
