Бил Гејтс и Велика Британија вложуваат милијарди евра во борбата против маларија

Американскиот мултимилијардер и филантроп Бил Гејтс и британскиот министер за финансии Џорџ Озборн денеска го објавија заедничкиот план за вложување на неколку милијарди евра во борбата против маларијата, „најсмртоносниот убиец во светот“.
Во напис во „Тајмс“, Гејтс и Озборн соопштија дека ќе вложат четири милијарди евра во следните пет години во истражувања и сузбивање на маларијата, болест која ја пренесуваат комарците. Крајна цел е искоренување на болеста.
- Кога се во прашање човечките трагедии, ниту едно суштество нема така разорна моќ како комарците, напишаа Гејтс и Озборн. - Веруваме дека свет без маларија е еден од најголемите приоритети на глобалното здравје, велат тие.
Во следните пет години Велика Британија секоја година за борба против маларијата ќе вложува по 650 милиони евра од својот развоен фонд, а Фондацијата Гејтс ќе додава по уште 200 милиони евра. Тие најавуваат дека ќе има и други донации.
Според Светската здравствена организација, минатата година 438.000 починале од маларија, а регистрирани се дури 214 милиони заболени. Две третини од починатите се деца помлади од пет години.
Во последните 15 години остварен е голем напред против оваа болест, а Гејтс и Озборн веруваат дека маларијата може да се искорени.
Маларијата е еден од најголемите здравствени предизвици на глобално ниво, бидејќи 40 отсто од популацијата живее во зоните на ризик. основачот на Микрософт Бил Гејтс, најбогатиот ќовек во светот, последните години развојот на софтверот го препушти на други, а тој сето свое внимание го насочи на борбата против маларија и други болести. Фондацијата, која ја води заедно со сопругата Мелинда, вложи 28 милијарди долазри во развој на вакцина против маларија, која е во завршна фаза во клиничките тестирања.
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
