„Бијело дугме“ одржа концерт во Скопје

Вип Арена „Борис Трајковски“ синоќа беше исполнета со луѓе кои дојдоа на концертот на „Бијело дугме“ во Скопје. Брега, Тифа и Ален во два и пол часа настапија со песни од сите девет албуми на најпознатата рок-група во поранешна Југославија.
- Се надевам ќе ја паметите оваа убава ноќ во Скопје, како што ќе ја паметиме и ние, рече Горан Бреговиќ. На сцената тој беше со својот оркестар на труби, придружен од тамбураши, виолинисти и хор, за кои песните од опусот на „Бијело дугме“ беа преаранжирани.
Концертот го почна Ален Исламовиќ со „Ноќас је ко лубеница пун мјесец изнад Босне“, а еден час пред крајот на сцената излезе и Младен Војичиќ-Тифа и запеа „Сањао сам ноќас да те нема“.
Посетители од различни возрасти заедно со нив ги пееја стиховите – од најстарите на првиот албум во 1974 (Кад би био бијело дугме) до хитовите од последниот (Чирибирибела) од 1989 година до кога сараевскиот бенд беше активен. Разиграната публика двапати со аплаузи ги врати на бината и тие и возвратија со четири песни за бис, а со последната - „Ружица си била“ го завршија концертот пред полноќ.
На распродадениот концерт на „Бијело дугме“ во Скопје, организиран од Авалон продукција, имаше многу луѓе и од други градови на Македонија, како и посетители од соседни земји.
ФОТО: Фејсбук/Авалон Продукција
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
