БиХ: Си ја убил сопругата, па се пријавил во полиција

Нов случај на фемицид се случи во Босна и Херцеговина, каде 63-годишен маж ја застрела сопругата, потврди локалното обвинителство. Злосторството било извршено синоќа во градот Кључ во северозападниот дел на Босна, а полицијата за тоа добила информација утрово.
Веднаш го известиле жупанското обвинителство, а од таму потврдиле дека истрагата утврдила дека во семејна куќа во населбата Велагиќи маж со иницијали К.М. (63) пукал и ја убил сопругата.
Тој се предал во Полициската станица Кључ и веднаш бил приведен. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на оваа трагедија.
Зголемениот број и бруталност на убиства во кои жртвите биле сопруги или партнери на луѓето кои ги убиле, предизвикаа нов бран протести во земјата и сè поинтензивна кампања против родово базираното насилство, но законодавството во БиХ сè уште не го дефинира фемицидот како особено тежок облик на кривично дело што би се казнило построго.
Фемицидот во правната практика се дефинира како родово засновано убиство мотивирано од чувството на супериорност над жените.
Дополнително, голем процент од жените во БиХ се изложени на различни форми на насилство, па во првите девет месеци од 2024 година речиси пет илјади од нив побарале помош и совет преку специјално воспоставените СОС телефонски линии.
Нема официјална статистика која би важела за цела БиХ и би третирала случаи на фемицид, но различни невладини организации во таа земја собрале информации за најмалку 60 жени кои биле убиени од нивните партнери од 2015 година. Податоците се достапни на веб-страницата на организацијата Мрежа на жени.
Ново на Сител
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
