БиХ не е подготвена за членство во ЕУ
Босна и Херцеговина не ги исполнила критериумите за членство во Европската унија, и 28-те земји членки на ЕУ се далеку од договор да ја прифатат поранешната југословенска република, изјавија дипломатите во Брисел, откако Сараево објави дека ќе поднесе барање за членство во ЕУ следниот месец, пренесува БТА.
Политички децентрализирана по етнички линии по војната во 90-те години, во која беа убиени околу 100.000 луѓе и настана економска криза, Босна и Херцеговина заостанува зад балканските соседи на патот кон пристапот во ЕУ, забележува БТА.
Дипломатите на ЕУ изјавија дека БиХ не ги остварила сите реформи кои се потребни за членство во ЕУ и членките на ЕУ се далеку од договор да поддржат било какво барање, без кое холандското претседателство тешко дека ќе ја стави на маса.
Според оценките направени во ноември 2015 година за усогласеноста со нормите и стандардите на ЕУ, утврдено е дека Босна и Херцеговина треба да направи уште многу реформи како промена на уставот, реформи во судството и економијата, борбата против корупцијата, почитување на човековите права и слободата на говорот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
-
До петок сончево и топло
-
Кривична против полицаец од скопски Аеродром - не извршил пасошка контрола на лице со мерка „апси“