БиХ ги отвора границите за сите странски државјани
Босна и Херцеговина ги отвора границите за сите странски државјани, кои досега не биле во можност да влезат во земјата, под услов да имаат негативен тест за коронавирус не постар од 48 часа, изјави денеска претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.
Тој рече дека тоа било договорено на состанокот со премиерите на Република Српска и Федерацијата на БиХ, Радован Вишковиќ и Фадил Новалиќ.
– На овој начин, БиХ создаде еднакви услови за сите земји во светот, освен за нашите непосредни соседи, кои сè уште имаат привилегирана позиција кога станува збор за влез во БиХ, рече Тегелтија по состанокот.
Тој додаде дека владите на ентитетите со своите здравствени сектори ќе ги потврдат овие одлуки на нивните седници.
– По тоа, ние во Советот на министри формално ќе ја донесеме оваа одлука. Тоа ќе биде за многу краток временски период, рече Тегелтија, пренесе РТРС.
Ново на Сител
-

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал
-

Миленкоски задоволен од стартот на македонските одбојкари во Европската лига
-

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето
-

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава
-

Мицкоски го потврди задоволството од Тиват
-

Нови планови за нов клинички
-

Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза
-

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
