Македонија
3. October 2021 - 19:43

„Биди срцевина, биди херој“

Андријана и Теодора се дел од тимот волонтери во организацијата САНО, кои им помагаат на децата со малигни заболувања и нивните родители полесно да ја надминат ранлива здравствена состојба во која се наоѓаат. И двете со пораки за донирање коскена срцевина, зашто само така може да расте бројот на спасени човечки животи.

„Биди срцевина, биди херој“ е пораката што денеска ја упатија многу волонтери и здруженија кои се борат за поголема хуманост преку донирање крв и органи, со цел да се спасат многу животи.

Апел за донирање упатија и министерот за здравство, како и претставници од Здружението за бубрежно болни.

Со цел да се искористи масовноста на Скопскиот Маратон, пред спортската сала „Борис Трајковски“ е поставен штанд каде со примерок од крвта граѓаните може да се запишат во регистарот на донори на коскена срцевина.