Библиотекари од Македонија на конференција во САД

Директорите на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје и Универзитетската библиотка „Св. Климент Охридски“-Битола Иван К. Заров и Лили Бошевска ги претставуваа библиотеките и библиотекарите од Македонија на Генералната конференција на меѓународната федерација на библиотекарски асоцијации.
Осумдесет и втората конференција на Меѓународната федерација на библиотекарски асоцијации (IFLA) се одржа од 13 до 19 август годинава во Колумбус, Охајо во САД. Годинава темата беше „Врски. Соработка. Заедница“.
Во рамки на конференцијата, во Музејот за современа уметност во Колумбус се одржа и традиционалната средба на директорите на националните библиотеки (CDNL) од цел свет.
На конференцијата се разгледаа стратешките приоритети и заложби во воспоставувањето потесна соработка меѓу националните библиотеки, со акцент на развивањето на дигиталните технологиии, како мост за соработка. Презентирани беа искуствата на националните библиотеки на Швајцарија, Холандија и Јапонија, во развојот на дигиталниот пазар, релациите со државните институции и приватниот сектор.
Следната, 83-ра конференција на IFLА ќе се одржи во август 2017 година во Вроцлав, Полска.
Ново на Сител
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
-

Мицкоски: Запленетата дрога ќе надмине 100 тони, дел од вмешаните веќе се приведени
-

Садула Изари ја презема функцијата член на Судски совет
-

Законот за високо образование може да претрпи измени
-

Стружани мака мачат со водата, не смеат да ја употребуваат за пиење
-

Преглед на вестите од светот
