-->
-->
БИБЛ лига: Кожув загуби и остана без финале
-->
Кошаркарите на Кожув од Гевгелија по вечерашниот пораз од Морнар во Бар во реванш полуфиналето од БИБЛ лигата останаа без финале во ова натпреварување. Морнар успеа да ја анулира предноста на гевгеличани од 15 поени од првиот натпревар (86:71) и во реваншот вечерва победија со 81:56.
Резултат по четвртини: 24:18; 23:13; 19:19 и 15:6.
Кожув предноста од првиот дуел ја испушти по првиот дел кога Морнар водеше и 16 поени (47:31). Кошаркарите на македонскиот тим равноправни беа само во третиот период, додека во последната четвртина постигнаа само шест поени.
Најефикасни кај победникот беа: Лемонт Џонс со 22 поена и Марко Мугоша со 19, додека кај Кожув најпрецизен беше Брендон Пен со 18 поени.
Во второто полуфинале утре играат Сигал Приштина – Берое, а предност по првиот дуел има Приштина која победи на гости со 89:75.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени
-
Овошките на удар од ниските температури
-
Црвен крст - Штип организира обуки за прва помош за заинтересирани граѓани, фирми и ученици
-
Преглед на вестите од светот
-
Кога се трошеле најмногу државни пари