-->
-->
БИБЛ: Фени Индустри елиминиран во четвртфиналето
-->

Кошаркарите на Фени Индустри вечерва во реваншот од четвртфиналето загубија од Теодо од Тиват со 81:68 (20:11; 13:18; 24:20 и 24:19) и со тоа настапот во БИБЛ лигата го завршија во четвртфиналето. Тимот од Кавадарци на првиот натпревар постигна победа од 100:97, но не успеа да ја сочува оваа предност.
Најефикасен на дуелот беше Милан Станојевиќ од Теодо со 19 поени, а пет играчи од оваа екипа имаа двоцифрен број поени. Кај Фени Индустри двоцифрен број поени постигнаа Георге Шарабидзе и Јане Петровски по 14, а Бранислав Ѓекиќ реализираше 11 поени.
Теодо во полуфиналето ќе игра против бугарската екипа Берое.
Утре во вториот реванш четвртфинален натпревар Кожув во Гевгелија ја пречекува екипата на Пеќ. Противникот на гевгеличани на првиот дуел постигна победа од 83:66.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
