Би-Би-Си: Утре се очекува потписот врз договорот меѓу британските ториевци и северноирските унионисти
Спогодбата меѓу владеачката Конзервативна партија на Велика Британија и Демократската унионистичка партија на Северна Ирска ќе биде потпишана утре, на Твитер денеска соопшти политичкиот набљудувач на Би-Би-Си, Лора Кунсберг, цитирана од британските медиуми.
Претходно денеска во резиденцијата на премиерката се оддржа средба меѓу Тереза Меј и лидерката на унионистите и премиер на Северна Ирска, Арлин Фостер.
Премиерката Меј си замина од „Даунинг стрит“ бр. 10 без да даде никаков коментар, бидејќи брзаше на првата сесија на новиот британски Парламент. Но, Фостер изјави дека преговорите одат добро и се надева да завршат со успех.
Официјално, конзервативците нема да прават коалиција со унионистите, туку ќе сметаат на нив при гласањето на важните закони и одлуки.
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%