Би Би Си: Македонија со убедливо најголема смртност од Корона на Балканот
Македонија има убедливо најлоша корона слика на Балканот и е меѓу земјите кои имаат најголема смртност во Европа, покажува најновата анализа на националниот британски медиумски бренд BBC (Би Би Си).
Па така, во BBC пресметале дека со 34,6 починати на 100 илјади жители Македонија има најголема смртност во регионот. Најблиску до нас е Косово каде на 100 илјади жители починале 26,4. Следи Црна Гора и Босна и Херцеговина. Од соседите, освен Косово, сите останати имаат три пати помала смртност отколку во Македонија а во Грција смртноста е за дури 10 пати помала.
Во Албанија починале 12,9 пациенти на 100 илјади жители, 11,2 во Бугарија, 10, 7 во Србија и само 3,5 во Грција.
Во европски рамки Македонија е на деветтото место. Најлоша е сликата во Белгија по што следат Шпанија и Велика Британија.
Од Министерството за здравство веќе објаснија дека високата смртност во Македонија се должи на различната методологија која земјава ја користела за евиденција на смртните случаи.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот