-->
-->
Бездомник и ги дал последните 20 долари, а таа за него собрала 280.000 долари
-->

Кејт Маклур патувала кај пријател во Филаделфија кога и снемало гориво.
“Ме виде како стојам и знаеше дека нешто не е во ред. Кога сфати дека сум останала без гориво, ми рече да останам во автомобилот и да ја заклучам вратата. Неколку минути подоцна се врати со црвен канистер со бензин, за кои ги потрошил своите последни 20 долари”, раскажала Кејт.
Не можела да му ги врати парите бидејќи немала во себе.
“Подоцна се вратив на местото каде што го сретнав и му ги вратив парите, а во последните неколку недели го посетив неколку пати и му дадов јакна, ракавици, капа и чорапи”.
Сепак, сакала уште нешто да направи за овој добар човек.
Одлучила на веб страната GoFundMe да ја сподели својата приказна и да започне кампања за собирање на пари за Џони. Почетната цел била 10.000 долари.
Кејт истакнала дека Џони е многи заинтересиран да пронајде работа, и била уверена дека ако успее во тоа може да си го среди својот живот.
Џони бил техничар за муниција во маринците, а подоцна пожарникар и болничар.

Кампањата за собирање на пари ја запрел Џони кога донациите стигнале до 100.000 долари, бидејќи не сакал да излезе дека ја искористува туѓата добрина. Кејт без негово знаење подоцна повторно ја продолжила бидејќи интересот не бил намален.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дел од Старата скопска чаршија утре без вода
-
Навални приведен на московскиот аеродром Шереметјево
-
Вози 255 км на час на македонските патишта и се фали на ТикТок
-
Полицијата апсеше на домашни забави во Скопје
-
Загина 25-годишен ловџија погоден со куршум од лице со кое бил на лов
-
СК: Прва победа во кариерата за Фос Солеваг
-
Повеќе од 95 милиони луѓе во светот се заразени со Ковид-19
-
Пешевска: Одговорност и оставка од виновните за случајот со извадени органи на родилката од Дебар