-->
-->
Бездомник и ги дал последните 20 долари, а таа за него собрала 280.000 долари
-->
Кога Џони, бездомник од Филаделфија, ги потрошил своите последни 20 долари кој ги имал кај себе, не очекувал дека ќе му се вратат со камата. Откако и помогнал на жена од Њу Џерси на која и снемало гориво, таа му се одолжила со тоа што за него собрала повеќе од 280.000 долари.Кејт Маклур патувала кај пријател во Филаделфија кога и снемало гориво.
“Ме виде како стојам и знаеше дека нешто не е во ред. Кога сфати дека сум останала без гориво, ми рече да останам во автомобилот и да ја заклучам вратата. Неколку минути подоцна се врати со црвен канистер со бензин, за кои ги потрошил своите последни 20 долари”, раскажала Кејт.
Не можела да му ги врати парите бидејќи немала во себе.
“Подоцна се вратив на местото каде што го сретнав и му ги вратив парите, а во последните неколку недели го посетив неколку пати и му дадов јакна, ракавици, капа и чорапи”.
Сепак, сакала уште нешто да направи за овој добар човек.
Одлучила на веб страната GoFundMe да ја сподели својата приказна и да започне кампања за собирање на пари за Џони. Почетната цел била 10.000 долари.
Кејт истакнала дека Џони е многи заинтересиран да пронајде работа, и била уверена дека ако успее во тоа може да си го среди својот живот.
Џони бил техничар за муниција во маринците, а подоцна пожарникар и болничар.

Кампањата за собирање на пари ја запрел Џони кога донациите стигнале до 100.000 долари, бидејќи не сакал да излезе дека ја искористува туѓата добрина. Кејт без негово знаење подоцна повторно ја продолжила бидејќи интересот не бил намален.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Полска приведен наводен руски шпион, кој повеќе од 30 години работел во Министерството за национална одбрана
-

На ГП „Блато“ уапсен македонски државјанин, се обидел да избега со автомобилот, загрозувајќи ги животите на полицајците
-

Во Франција десет мажи со помош на таткото силувале петгодишно дете
-

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност
-

Чолиќ: Јас сум во Загреб, семејството ми е добро
-

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители
-

ССМ од 10 февруари почнува со блокади
-

Случај „Онкологија 2“: ФЗО плаќал за лекови без спроведени постапки и без фактури, одбраната бара укинување на притворот за Васев и Нухи
