„Безбедна младина, посигурна иднина“-дебата за придобивките од членството во НАТО

„Безбедна младина, посигурна иднина“ е темата на која ќе се дебатира денеска со студентите од Универзитетот ФОН во Скопје во рамките на НАТО-карванот, а како дел од активностите на проектот Инфоцентар за евроатлантски интеграции.
Според најавите, говорници на дебатата ќе бидат претседателот Стево Пендаровски и амбасадорката на Велика Британија во Скопје, Рејчел Галовеј.
Организаторот сака да поттикне дебата за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на државата во НАТО. Идејата е настанот да им понуди можност на студентите да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции, придобивките од членството во НАТО, улогата што НАТО ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.
Инфоцентарот за евроатлантски интеграции е проект што го спроведува Граѓанската асоцијација МОСТ со поддршка од Секторот за јавна дипломатија на НАТО, Министерството за надворешни работи на Холандија, Британска амбасада Скопје и Министерството за надворешни работи на РСМ.
Ново на Сител
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
