Без вода утре делови од Центар и Чаир

Корисниците од улиците „Павле Илиќ“ и „Крсте Асенов“ утре од 9 часот нема да имаат вода, соопшти РЦУК на Град Скопје.
Мал ќе биде и притисокот на вода кај дел од населбите Чаир и Топаанско Поле.
Причина за прекинот и намалениот притисок дефект на водоводна цевка со пречник од Ф - 300 мм на булеварот „Втора Македонска бригада, спроти Поликлиника Чаир.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без вода од 09:00 часот ќе останат и корисниците од улиците „Ленинова“, „Никола Тримпаре“, „Коста Кирхов“ и потегот од Соборен Храм до булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во општина Центар.
Прекинот е поради дефект на шибер на водоводна мрежа со пречник од Ф – 100 мм на крстосницата на булеварот „Св. Климент Охридски“ со улица „Дебарца“.
Ново на Сител
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
