Македонија
18. December 2018 - 23:14

Без вода утре дел од корисниците на „Кочо Рацин“ и „Стив Наумов“ во Центар

Од 8 часот утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул. „Кочо Рацин“ кај Црвен крст и бул. „Стив Наумов“ во општина Центар, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Прекинот ќе биде заради отстранување дефект и ќе трае до завршување на интервенцијата.