Без вода неколку улици во Карпош и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација - Скопје, информира дека денеска од 9 часот без вода ќе бидат дел од жителите на Карпош.
- Од 9:00 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од ул.Ванчо Мицков и Бул.Партизански Одреди на Крак 1,3, 5,7,9,11 до завршување на истиот, се наведува во соопштението.
Од 9 часот прекин во водоснабдувањето ќе има и во Кисела Вода поради изведување на водоводен приклучок од Ф100 и тоа на улиците Невена Георгиева Дуња 14. Без вода ќе бидат корисниците од ул.Невена Георгиева Дуња, ул.Дренак, ул.Виктор Иго и ул.Драга Стојановска. Прекинот во водоснабдувањето ќе биде до завршување на интервенцијата.
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
