-->
-->
Без вода корисниците од ул.„Наум Наумовски Борче“
-->

Поради водоводен приклучок ф-100мм на ул.„Наум Наумовски Борче“ 56, утре од 10:00 часот се до завршување на работата, ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од корисниците од оваа улица, информираат од РЦУК на Град Скопје.
Поради технички причини и по барање на граѓаните, планираната реконструкција на водоводна мрежа ф-500мм на кружниот тек на ул.„Христо Татарчев“ со булевар „Србија“ е одложена за 17 септември (сабота спрема недела) со почеток од 00:00 часот до завршување со работа. Во периодот додека се работи без вода ќе бидат корисниците од висока зона на населбите Ново Лисиче и Аеродром.
За сите дополнителни информации граѓаните можат да се информираат на телефонскиот број 02 3073 010.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
