Балкан
17. January 2016 - 18:24

Без трага: Како Худини затвореник побегна од притворска келија

Марјан М. (23) од Велика Плана, осомничен за разбојништво, успеа на речиси неверојатен начин да им побегне на полицајците и тоа од притворската келија.

Марјан е уапсен по потерница поради основано сомнение дека кон крајот на минатата година извршила разбојништво над жена од својот град.

Полицајците му ставиле лисици на раце и го однеле во станоцата во Велика Плана, каде му е пдреден притвор од 48 часа. Гооставиле во притворската келија и уредно го заклучиле, не претпоставувајќи што ги чека.

-Еден час, колку што поминал во келијата Марјан размислувал како да побегне. Речиси неверојатниот план, на кој не сметале полицајците, си дошол сам по себе. Иако металната врата од келијата била затворена со рајбер, тој успеал да ги отвори користејќи го отворот во горниот дел од каде чуварите ја прегледуваат просторијата. Со рака го турнал вратичето и сфатил дека е отворено! Потоа ја протнал раката и ја отворил вратата во долниот дел кои служат да завање храна и вода. Со тоа завршил повеќе од половина од работата, зошто низ тој отвор ја протнал раката и го отворила рајберот кој ја држи вратата. Потоа само си излегол, велат од полицијата.

Кога полицајците подоцна дошле да го проверат притовреникот, останале во шок. Келијата била ширум отворена, а од притвореникот ни трага.

-Иако во станицата постојата камери, Марјан некако успеал да побегне. Потоа на цевките за греење се качил до прозорецот кој бил отворен, а се наоѓа на повеќе од два метри од подот и скокнал на улица, велат од полиција.

Полицајците не знаеле што ги снашло. Веднаш ги известиле шефовите, по што е реконструирано бегството на Марјан, а во станицата е спроведена интерна истрага, по која ќе се знае дали против одговорните полицајци ќе биде спроведена дисциплинска постапка.

За тоа време, Марјан бил прилично далеку. Полицајците почнале да го бараат, но не го нашле, по што е издадена потерница за него на територијата на цела Србија.

Марјан М. е приведен под сомнение дека извршил разбојништво над жена за што му се заканува затворска казна од 2 до 10 години. Но прво треба да го фатат!