Без струја утре повеќе села во Скопско
Без електрична енергија утре од 8:30 до 10:30 часот ќе бидат корисниците на улица „Борис Трајковски“, кај бензинската пумпа на Лукоил, во општина Кисела Вода.
Од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Ратко Митровиќ“ броевите 3, 5 и 7, улица „Герника“ броевите 4, 6, 8 и 10 во населба Драчево, општина Кисела Вода.
Без напон од 9:00 до 14:30 часот ќе остане дел од село Студеничани, кај „Роло Оков“, фарма Дрисла и депонија Дрисла, во општина Студеничани.
Дел од корисниците од Ново Село, улица 100 во општина Ѓорче Петров ќе бидат без струја од 9:00 до 15:00 часот.
Без електрична енергија од 9:00 до 15:30 часот, ќе бидат е дел од село Чучер Сандево, дел од село Горнање, према црква „Св. Никита“, во општина Чучер Сандево.
Од 10:30 до 12:00 часот, без струја ќе биде дел од село Илинден, дел од корисниците од улица 500 и улица 12, во општина Илинден.
Без електрична енергија од 11:00 до 13:00 часот, ќе биде дел од село Сарај, дел на стар пат Скопје-Тетово, село Глумово и Ресторан „Кораби“.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување на технички зафати во електро-системот.
Ново на Сител
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите