Прометот во маркетите вчера помал за 22%
Вчерашниот бојкот на маркетите помалку успешен од првиот. Управата за јавни приходи објави дека прометот на 8-те најголеми ланци бил помал за 22,12 % во однос на претходниот ден. Граѓаните кај нив оставиле 3 милиони евра за да ги купат основните производи, додека ден претходно, вкупниот промет изнесувал 3,8 милиони евра.
Овие бројки покажуваат дека на вториот бојкот остварен е за 37% поголем промет во однос на првиот, кога трговците имаа речиси преполовен промет, од 1,8 милиони евра. Ваквите бројки, според УЈП се должат на различни фактори, а еден од нив е што голем број граѓани примаат плата и пензија на почетокот на месецот, што создава промени и во нивното потрошувачко однесување. Бојкотот е само порака до трговците дека граѓаните се гневни на поскапувањето, но за да дојде до значиелнен пад на цените, неопходно е институциите да ја зајакнат контролата и конечно да се види која е нивната функција, велат екпертите.
Државниот пазарен инспекторат викендов ги сумира податоците по деталните анализи кој најмногу профитира од цените на храната. Освен високи маржи кај трговците, регистрирале и големи маржи кај дистрибутерите на увозните производи. Овој извештај ќе покаже кои ќе бидат следните чекори на владата, дали повторно ќе се замрзнат цените на основните прехранбени производи или ќе преземе други мерки. Инаку и во Хрватска владата вчера ги замрзна цените на 70 тина производи, а вчерашниот, 3 бојкот се покажа како најмалку успешен.
Прометот во маркетите бил за 37% поголем од претходниот петок минатата недела, но за 20 осто помал во петокот пред да почне првиот бојкот. Бројот на издадени сметки бил за 17 отсто поголем во однос на претходниот петок, но за 10% помал од петокот пред бојкотот. Иницијативата за бојкот на маркетите од Хрватска брзо се прошири и во другите земји од регонот. Така што во Црна Гора се одлучија за дводневен бојкот, кој трае и денеска, во Косово нема да се пазари во големите маркети на 10 февруари, во Бугарија на 13 а во Грција на 19 ти овој месец.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар