Без струја утре делови од неколку скопски општини
Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, информира дека утре од 08:30 до 11 часот без струја ќе биде дел од селото Арачиново, а од 9 до 14:30 часот дел од селото Љубош во општина Студеничани.
Од 9 до 11 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и улиците „Јордан Филиповски“, „Трпе Петревски“ и „Жил Верн“ во општина Кисела Вода, а од 9 до 14:30 часот дел од корисниците од улицата „Антоние Грубишиќ“ и дел од улицата „Коле Неделковски“ во општина Центар.
Во периодот од 9 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од Старата скопска чаршија и Дуќанџик во општина Чаир, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од улицата 1 во близина на Медресата во селото Кондово. Од 9 до 15 часот нема да има струја и на улицата „Никола Русински“ бр.4, 6, 7 и 8, како и објектот на супермаркетот Тинекс во општина Карпош, додека од 11:30 до 15 часот улиците Лисец, Василие Ѓуровиќ, Божин Николов и Горноврановска во општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено