Без струја неколку скопски општини

Без струја утре ќе останат делови од општините: Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Илинден, Арачиново и Сарај, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Според известувањето од „ЕВН Македонија“, без електрична енергија во периодот од 12.00 до 14.00 часот, ќе останат корисниците од улиците „Мирослав Крлежа“ и „Никола Тримпаре“ во Општина Центар, а во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без струја ќе останат корисниците од улиците „Јуриј Гагарин“ во Општина Карпош и „Васил Ѓорѓов“ во Општина Центар.
Во Општина Ѓорче Петров во периодот од 09.00 до 10.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Воин Драшкович“, „Исаија Мажовски“ и „Ибе Паликуќа“, а од 09.00 до 15.00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Атинска“, „Ристо Равановски“ и „Борка Талевски“ во Општина Карпош.
Од 08.05 до 15.00 часот, во Општина Илинден и Арачиново, без електрична енергија ќе бидат корисниците од с. Мршевци, Бучинци, Грушино и Бујковци, а во Општина Сарај, во периодот од 11.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од с.Бојане.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
