Без струја делови од четири скопски општини

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба, соопшти РЦУК - Скопје.
Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село - Нерези, Предавател Космофон, објект Даре Џамбаз-Водно објект на Поштенски дом-Водно и село Горни Крушопек во Општина Карпош.
Од 08:30 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците на дел од село Морани и викенд населбата Морани во Општина Студеничани, од 09:00 до 14:00 часот од улицата „10“ во село Ржаничино во Општина Петровец, како и од улиците „Иван Аговски“ и „Никола Тесла“ во Општина Карпош, од 09:00 до 14:30 часот, од селото Мирковци во Општина Гази Баба, од 11:00 до 14:00 часот, а од улиците „13“ и „14“ во селото Ржаничино во Општина Петровец.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
