Без српските гласови нема косовска војска

Меѓународниот фактор во Приштина инсистира на тоа дека при одлучувањето за трансформација на Безбедносната сила на Косово (ФСК) во војска, надлежните институции мораат да го почитуваат и гласот на косовските Срби, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Иако се согласни дека трансформацијата на ФСК во Оружени сили на Косово (ФАК) е суверена одлука која им припаѓа на косовските институции, тие инсистираат дека тоа не смее да се направи без промена на Уставот, за што се неопходни гласовите на пратениците Срби, пишува денеска „Коха Диторе“.
Наспроти таквиот став на меѓународниците, официјална Приштина сака трансформацијата на ФСК да ја започне сега, а формално да ја заокружи тогаш кога ќе се создаде политички амбент за уставни измени.
Напорите на Владата на Рамуш Харадинај сега се во правец на законски измени, со кои постепено ќе се подигаат капацитетите на ФСК, со цел во рок од 10 години да заврши трансформацијата. Пакетот закони со кои се планира да се постигне ова веќе е во кабинетот на премиерот, по што ќе биде даден на усвојување од страна на Владата, а потоа и на гласање во Собрание.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
