Македонија
21. April 2019 - 8:58

Без проблем почна гласањето во четирите општини од Тиквешијата

Без проблем започна гласањето  во четирите општини од Тиквешијата, информираа претседателите на општинските изборни комисии.

Во Кавадарци право на глас имаат 32.109 граѓани. Се гласа на 59 избирачки места. Во Неготино, 15.805 граѓани со право на глас имаат можност да гласаат за претседател на државата, на 28 избирачки места.

Во Росоман, во избирачкиот список се запишани 3.358 граѓани со право на глас, а се гласа на 10 избирачки места. Единаесет избирачки места се отворени во Демир Капија, а право на глас имаат 3.331 лице.