Без оглед на оставките на Чадиковски и тимот, децата и натаму ќе се оперираат во Клиниката „Жан Митрев“ на сметка на ФЗО, тврди Филипче
Третманот на децата продолжува во Клиничката болница „Жан Митрев“. Тие и натаму ќе се оперираат во таа Клиниката на сметка на Фондот без оглед дали заминува тимот предводен од д-р Владимир Чадиковски, кој од Детска хирургија пред неколку месеци направи трансфер во таа Клиника. Тие си заминаа на своја рака од државно во приватно здравство. Значи без оглед на тоа, таму има улови, експертиза…
Ова денеска за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека вчера телефонски разговарал со д-р Чадиковски и дека треба да се сретне со него и со останатите од тимот.
– Не би брзал со изјави додека не се расчисти што точно ќе прави тимот, посочи Филипче
Во врска со објавените информации дека д-р Чадиковски ја депонирал оставката во Клиниката „Жан Митрев“, рече дека колку што знае тоа не е официјализирано.
Појасни дека причина за заминувањето од Клиничката болница „Жан Митрев“ се различните концепции во начинот на работењето.
Доктор Чадиковски е единствен лиценциран детски кардиохирург. На Универзитетската клиника за детска хирургија работеше 20-тина години, а пред неколку месеци заедно со неколку други доктори направија трансфер во Клиниката „Жан Митрев“ за изведување на операции на срце кај бебиња и деца во современи услови, откако државата и таа здравствена установа се договорија операциите да ги покрива Фондот за здравствено осигурување .
Ново на Сител
-
МЖСПП: По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали
-
Жител на струшко Велешта осомничен за три кривични дела
-
Трамп сака да ја поврати контролата врз воздухопловна база Баграм во Авганистан
-
Македонските ракометарки во Охрид на мегдан против Египет
-
Приведени 15 лица, во кои има вработени во МВР, ЈП Национални шуми, предизвикале штета од над 100 милиони евра
-
13 лица приведени по масовна тепачка пред прилепската болница, полицијата пукала во воздух за да престанат да се тепаат
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика