Loading Video...
Тенис
16. January 2023 - 18:29

Без големи изненадувања на првиот дел на АО

Првиот ден на Австралија опен, минува без големи изненадувања.
 
Бранителот на трофејот од лани, Рафаел Надал одигра четири сета во мечот со Британецот, Драпер. Шпанецот тешко го доби првиот сет со 7-5, а вториот го загуби со 6-2. Но, Надал кој и годинава е 1-ностител во следните два одигра на свое ниво и ги реши во своја полза со 6-4 и 6-1.
 
Од останатите носители, пласман во ворото коло обезбедија:  (3-тиот) Стефанос Циципас, (7) Данил Медведев, (6) Агуер Алиасиме, (11) Камерон Нори како и Американецот, Тиафо (16-носител) и Русинот, Кахчаров (18), додека Хрватот, Чориќ кој беше 21-во рангиран во Мербурн, го заврши својот настап по само еден одигран меч. 
 
И кај дамите, фаворитките немаа проблеми. 
 
Првата, Ига Швјонтек од Полска со 2-0 ја мина Германката, Нимаер.  Американканките, Џесика Пегула (3) и Коко Гоф (7) одиграа само по два сета во дуелите со Романката, Кристан и Синакова од Чешка. Нивната сонародничка Колинс која е 13-то рангирана се изнамачи во дуелот со Русинката, Калишкина која го доби првиот сет со 7-7, но Американката возврати со 7-5 и 6-4. 
 
Во второто коло од фаворитките се пласираа: (6) Марија Сикари, Грција, (15) Петра Квитова, Чешка, (24) Викторија Азаренка (Белорусија),