Loading Video...
Фудбал
3. October 2020 - 19:49

Без Елмас против Косово

Голем хендикеп за македонската фудбалска репрезентација пред бараж дуелот за ЕП  против Косово.  Првотимецот на Наполи Елиф Елмас е позитивен на Ковид-19 и нема да настапи на овој историски дуел за Македонија.  На неговото место селекторот Ангеловски го повика Буба Хасани.
Македонската фудбалска репрезентација на 8. Октомври во Скопје ја пречекува селекцијата на Косово во полуфиналето од Лигата на нациите. Селекторот  Игор Ангеловски денеска го соопшти списокот на играчи кои ќе настапат на овој историски меч, за жал без фудбалерот на Наполи Елиф Елмас кој е позитивен на Ковид-19. За среќа се е во ред со капитенот Горан Пандев и тој доби дозвола од Џенова да допатува во Скопје.
Македонија во од 8-ми до 14-ти октомври ќе одигра три средби со Косово , Естонија и Грузија.  Ангеловски за овие натпревари го објави следниот тим.  
 
A-ТИМ
ГОЛМАН И
Димитриевски ,Шишковски,Божиновски
ОДБРАНА
Ристовски, Муслиу, Бејтулаи, Ристевски, Зајков, Д.Велковски, Тошевски.
СРЕДЕН РЕД 
Адеми, Барди, Спировски, Николов, Алиоски, Костадинов, Хасани
НАПАД
Пандев, Несторовски, Трајковски, Тричковски, Стојановски, Крсте Велковски