Без договор завршија вчерашните преговори во Каиро за прекин на војната во Газа
Засега има минимални изгледи за успех на преговорите што се водат со поддршка на САД за да се стави крај на повеќемесечната војна во Појасот Газа.
Повеќемесечните преговори не успеаја да донесат договор за прекин на разорната воена кампања на Израел врз Газа или за ослободување на преостанатите заложници заробени од Хамас во нападот на милитантната група врз Израел на 7 октомври.
На прес-конференција во канадскиот град Халифакс, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека Вашингтон сè уште „трескавично“ работи во Каиро со египетските и катарските посредници, како и со Израелците, за да се постигне договор за прекин на огнот и заложници.
Клучните спорни точки во актуелните разговори со посредство на САД, Египет и Катар го вклучуваат присуството на Израел во таканаречениот коридор „Филаделфија“, тесен дел од 14,5 километри копно долж јужната граница на Газа со Египет.
Посредниците претставија голем број алтернативи за присуството на израелските сили во коридорот „Филаделфија“ и коридорот „Нецарим“ што се пробива низ средината на Појасот Газа, но страните не прифатија ниту една од нив, велат египетски извори.
Израел, исто така, изрази резервираност за барањето на Хамас за ослободување на неколку палестински затвореници.
Хамас истакна дека Израел ја напуштил обврската да ги повлече војниците од Коридорот со претставување на нови услови, вклучително и проверка на раселените Палестинци додека се враќаат во погусто населениот север од енклавата.
– Нема да прифатиме дискусии за повлекување од она што го договоривме на 2 јули или нови услови, изјави во неделата функционерот на Хамас, Осама Хамдан за ТВ „Ал Акса“.
Во јули, Хамас го прифати американскиот предлог да започне разговори за ослободување на израелските заложници, вклучително и војници и мажи, 16 дена по првата фаза од договорот чија цел е да се стави крај на војната во Газа, изјави овој високо рангиран член на Хамас, пренсен од британските медиуми.
Хамдан, исто така, нагласи дека Хамас го доставил својот одговор на последниот предлог до посредниците, велејќи дека американските приказни за неизбежен договор се лажни.
Делегацијата на Хамас вчера го напушти Каиро по разговорите со посредниците, рече високиот функционер Изат Ел-Решик, додавајќи дека групата го повторила своето барање секој договор да вклучува траен прекин на огнот и целосно израелско повлекување од Газа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица