Без активно жариште пожарот на Кипар
Пожарот во северниот дел на градот Лимасол на Кипар утрово е без активно жариште, откако во текот на ноќта имаше нови разгорувања, кои веднаш беа изгасени, додека пак рано утрово одново почнаа да интервенираат воздушните средства, јави дописничката на МИА од Атина.
Во пожарот што избувна во средата и се прошири на површина од 120 квадратни километри, животот го загубија две лица, двајца се сериозно повредени, а предизвикана е и голема материјална штета, што дополнително ќе се проценува.
Помош во справувањето со огнените јазици пристигна од Египет, Јордан, Либан, Израел, Шведска и Шпанија, кои испратија воздушни средства, а Грција помага со копнени сили.
Претседателот на Кипар Никос Христодулидис, синоќа рече дека земјата за првпат се соочува со ваква ситуација и нагласи дека главен приоритет за нив е заштита на човечките животи, додека пак посочи дека државата целосно ќе ја преземе обврската за санирање на предизвиканата штета.
Паралелно им се заблагодари на земјите што позитивно одговорија на кипарското барање за помош и испратија свои сили.
Ново на Сител
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година