Бесплатна правна помош за Ромите од Кавадарци
Бесплатна правна помош за Ромите од Кавадарци ќе обезбедува кавадаречкото Здружение „Тиквешки Роми“ од овој град, информираше денеска за МИА, претседателот Раим Сулејманов.
Тој вели дека покрај бесправна правна помош, проектот финанисран од Локалната самоуправа Кавадарци, опфаќа и поддршка за заштита на човековите права и граѓанските права на Ромите.
- Целта е да се заштитат основните човекови права на Ромите во контактите и комуникацијата со судовите, државните органи и организации и иснтитуции, а особено во Министерството за внатрешни работи, органите на локалната самоуправа, Основното јавно обвинителство, канцеларијата на Народниот правобранител и други државни органи во кои се водат постапки кои задираат во основните човекови права, нагласи Сулејманов.
Тој појасни дека обезбедувањето на бесплатна правна помош се однесува за давање правни совети при тековни судски постапки.
Истовремено, Здружението има бројни активности насочени кон едуцирање на припадниците од Ромската заедница.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција запали столчиња пред парламентот
-
Утрово измерени -2 степени во Берово и Лазарополе, во Гевгелија 12
-
Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии
-
Бројот на загинати од „Хелена“ се искачи на над 130, милиони без струја
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа
-
Пензиите зголемени за 2500 денари
-
Прв академски час