-->
-->
Бесплатна обука за идните студенти по машинство во Кочани
-->
Кочанската компанија „Руен инокс аутомобиле“ од новата академска година им излегува во пресрет на новите студенти кои ќе се запишат на Машинскиот факултет во Кочани при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
- Како компанија даваме поддршка на реформите во образовниот процес во Република Македонија и тоа со конкретни предлози во делот на реализирањето на практичната обука. Со ова сакаме да го поврземе образованието со практичната работа во фабриката и да ги стимулираме завршените средношколци да студираат машинство, бидејќи им овозможуваме и вработување во нашите погони, изјави Славе Јорданов претставник на Руен инокс аутомобиле“ од Кочани.
Тој истакнува дека на располагање на идните студенти по машинство им е и Институтиот по машинство кој работи во компанијата и кој дава одлични резултати.
По потпишаниот договор со Средното општинско училиште „Ѓошо Викентиев“ од Кочани за изведување практична работа на средношколците по машинство, компанијата „Руен инокс аутомобиле“ од Кочани ги отвора вратите и за идните студенти на Машинскиот факултет во Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца