Беснее пожарот во Гари, единствен спас интервенција од воздух
Веќе трет ден беснее пожар во планината Стогово над дебарското село Гари.
Според Џетан Мифтароски Командир на дебарската територијална противпожарна единица, засега интервенираат заедно со вработените на подружницата „Стогово" на ЈП" Национални шуми".
-Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, рече Мифтароски за МИА.
Додава дека се јавиле и доброволци од ова и соседните села, но поради ризикот што доаѓа од пламените јазици, нивната необученост и немање соодветна опрема, не им е дозволено.
До сега станува збор за околу 60 хектари опожарена површина, но ако итно не се интервенира од воздух состојбата може многу да се влоши и пожарот да се прошири, вели Мифтароски.
Ново на Сител
-
Македонскиот пасош на 40. место во светот, без визи може да се патува во 129 земји
-
Борусија се повлече од трката за Рашфорд
-
Судот даде одобрение: Барселона ги регистрираше Олмо и Виктор!
-
Агенцијата за патишта во Бугарија делумно виновна за автобуската несреќа во кои загинаа 45 македонски државјани
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Нов пожар избувна во Лос Анџелес, овојпат во Холивуд Хилс
-
Бајден ги проширува санкциите против оние кои му се закануваат на Западен Балкан и ги поткопуваат повоените договори
-
Што се знае за HMPV